НЛБ Тутунска банка соопшти денеска дека како резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи ги намали каматните стапки на кредитите и депозитите за правни и физички лица. Банкат на почетокот на февруари ги намали каматните стапки на кредитите за физички лица до 3 процентни поени, а во април ги намали каматните стапки на денарските депозити за физички лица од 0,5 до 1,2 процентни поени. Новите каматни стапки на денарските депозити важат од 12.04.2010 и се однесуваат за сите новоодобрени депозити и депозити склучени од 01.06.2009 година. За сите склучени денарски депозити до 01.06.2009 ќе важат старите каматни стапки.
НЛБ Тутунска банка соопшти денеска дека како резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи ги намали каматните стапки на кредитите и депозитите за правни и физички лица.
Банката, како што се наведува, на почетокот на февруари ги намали каматните стапки на кредитите за физички лица до 3 процентни поени, а во април ги намали каматните стапки на денарските депозити за физички лица од 0,5 до 1,2 процентни поени.
Новите каматни стапки на денарските депозити важат од 12.04.2010 и се однесуваат за сите новоодобрени депозити и депозити склучени од 01.06.2009 година. За сите склучени денарски депозити до 01.06.2009 ќе важат старите каматни стапки.
Намалувањето на каматните стапки кај кредитите за правни лица изнесува 1 отсто за денарските кредити и 0,5 проценти за денарските кредити со девизна клаузула и се однесува за сите новоодобрени кредити од 19.04.2010.
Каматните стапки на денарските депозити за правни лица се намалени до 0,5 проценти, a на денарските депозити со девизна клаузула до 1 отсто и се со важност од 19.04.2010 година.